И слепите ќе читаат и одговараат на мејлови во Ресурсниот центар во Битола

Декември 12, 2018

Слепите и лицата со оштетен вид од пелагониските општини добија Ресурсен центар каде ќе можат да се едуцираат и на забавен начин да го минуваат времето. Книги на Брајово писмо, техника која ги зголемува фонтовите на пишани текстови, компјутери со аудио програма која овозможува преку говор да се користи интернет, забавни игри и друга техника им е ставена на располагње во Регионалниот ресурсен центар за слепи и лица со оштетен вид што денес се отвори во Битола.

Центарот е сместен во месната заедница „Коле Лачето“, а ќе ги опслужува лицата кои имаат проблеми со видот од општините Битола, Новаци, Могила, Демир Хисар и Ресен. Отворен е со помош на локалната, целнтралната власт и УНДП, а останува во сопственост на Здружението на слепи лица од Битола.

„Зградата се реновира, внатрешноста се опреми со лап топи со говорна програма која слепото лице бидејќи не гледа, нема да го чита мејот, туку компјутерот го чита. Таа програма чини многу. Има сензорен екран, долу се става весник или книга и оној кој е слабовиден со диоптер 3,4, 5 ќе можат слободно да го кориси, сезнорната табл го зголемува фонтот на буквите. Има шахови, домино за слепи “, рече Стевче Костадиновски, претседател на Здружението на слепи лица од Битола.

Ова е единствен ресурсен центар во земјава со кој ќе управува Здружение. Сепак, општините од Пелагонискиот Регион во иднина ќе извојуваат пари од буџетот за тој да може нормално да функционира.

„За овој центар да биде одржлив во следниот период Советите на сите овие општини ќе издвојат два отсто од средствата наменети за здруженија на граѓани со што ќе се овозможи и во следниот период овој центар да функционира без пречки односно да врши инклузија на лицата кои имаа попреченост. Ова е пример како може месните заедници да бидат ставени во функција на граѓаните“, рече градоначалничката Наташа Петровска.

Во регионот кој го покрива битолското Здружение има 220 слепи лица, од кои пет мали деца. Пред Центарот денес не се сечеа ленти, туку малата Барбара, девојче со оштетен вид од Битола, ја повлече црвената панделка.

„Центарот се простира на 500 метри квадратни со сите неопходни услови за нашите сограѓани со попреченост. Современ регионален центар со комплетна неопходна инфраструктура, опремен по највисоки стандарди кои ќе ги обезбедат потребите на лицата со оштетен вид. Грижата за лицата со попреченост е еден од првите императиви на Владата, парламентарното мнозинство и на локалната самоуправа. Ние во духот на концептот едно општество за сите решивме да го иницираме овој проект за да се овозможат еднавки услови за живот и равој на сите наши сограѓани“, рече пратеникот Александар Кирацовски.47684573 316609555606303 5751437735965491200 n

48087322 583763032070392 1993792722963529728 n

47792580 503608316801086 5382419385753272320 n

47683156 1940623929325923 3006794586887553024 n

48046374 334822920671930 1258856941682163712 n

48225524 340450276783240 8178426959257141248 n

 48208714 344632376334145 8017824869200691200 n

48281229 207723180159136 1461222975897337856 n

48367254 2289034764440358 4375911052819300352 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани