Свети Меркуриј од Барешани им помага за пород на христијани и муслимани

Декември 07, 2018

-Меркуриј го поживеал и војводата Сугарев

 

-Барешанец во Кападокија сонил да го гради манастирот 

 

-Пеачот Гоце Николовски, по мајка од Барешани,  се молел во храмот

 

На повеќе семејства кои изгубиле надеж дека ќе добијат пород, молитвите во манастирот „Свети Меркуриј“ во битолското село Барешани им помогнале најдоцна за две години да добијат пород. Ова го тврди Драги Котевски, жител од селото, кум на најмалку пет семејства кои имале среќа да ја почувствуваат чудотворната моќ на светата вода и камен во манастирот. Полза виделе и рисјани и муслимани. Чудата почнале да се случуваат пред 17 години кога сонил како муслиманско семејство од село Граешница седи на каменот до манастирот и моли за дете..

-Другиот ден го сретнав Султан, чија сопруга, мајка и татко ги сонував како се молат. Му реков „беа седнати на каменот и се молеа за малечко“. А тој имал одено во Шведска , Турција, Скопје по лек. Без успех, па на крај рекол не одам веќе никаде. Но, кога разбра мајка му за мојот сон легна под комбето и му рече „гази ме или да одиме во манастирот“. Ги однесов и додека се молеа на каменот, ми се врати сликата од сонот- раскажува Котевски.47686417 10212869080029744 8692034541675610112 n

(фото Сашо Ставрев)

По девет месеци семејството го поканило да им биде кум. Од голема благодарност кон светецот не се противеле бебето да добие молитва во манастирот. Но, во тоа време владиката Петар бил во Австралија,а другите свештеници не се нафајќале без негова дозвола да преземат таков потег.

-Во меѓувреме семејството ме покани на прослава во ресторан. Имаше 600 гости. Детето беше во позлатена количка од Америка. Јас го кренав и го покажав пред сите дека ова е дете од манастирот. Сите станаа и ракоплескаа. Оставија на мене какво име ќе му дадам. Ги прашав како се вика вашиот господ, рекоа Мухамед . Денес Мухамед е во средно училиште- вели Котевски.

Ова не е единственото муслиманско семејство кое видело себап од светецот чиј празник се славеше вчера. Брачен пар од Лажец, иселен во Австралија, за време на одмор во родниот крај се помолиле во манастирот и потоа добиле три деца.

-Жената седнува на светиот каменот кој е до ѕидот на манастирот. До неа седнува сопругот, свекрвата или мајката. Се молат Господ да им даде пород. Потоа влегуваат во црквата и палат осум свеќи во разнични свеќници. Се мијат со светата вода од бунарот и во следните две години крваат лепче на денот на Свети Меркуриј, седми декември- раскажуваат од манастирот.

Напоменуваат дека паровите при молитвите не смеат да остават ни денар зашто целта е бесплатно да им се помогне.камен

вода

Меркуриј го поживеал и војводата Сугарев

Сепак за чудотворната моќ на „Св. Меркуриј“ од Барешани се знаело од многу поодамна. Народот верувал дека негово дело е тоа што поживеал војводата Ѓорги Сугарев од Битола. Во книгата на историчарот Ѓорги Димовски-Цолев посветена на животот на војводата тој запишал дека во бракот на неговите родители Коте и Донка се родиле 19 деца, но умирале. Првото дете кое им останало живо бил Ѓорги роден 1876 година. Според народниот обичај заради смртноста на децата, новородениот Ѓорги бил пречекан на нова, некалаисана тепсија, па со пајтон однесен и крстен во манастирот Свети Меркуриј во Барешани.47684411 10212869081349777 7884176778418192384 n

(фото Сашо Ставрев)

Сонил да го гради манастирот во месноста каде е закопан светецот

Ова е единствениот манастир во земјава посветен на светецот Меркуриј. Во селото се верува дека бил изграден откако барешанец сонил сон додека бил на печалба во Кападокија каде е и гробот преподобниот Меркуриј. На сон му било речено „да се вратиш во Барешани, на тоа место има вода и почни да градиш манастир, ќе се вика Свети Меркуриј.“ Кога му кажал на агата кој му бил газда овој не само што веднаш го испратил назад туку му дал и пет лири.

Пеачот Гоце Николовски навраќал во манастирот

Жителите на Барешани манастирот го одржуваат беспрекорно. Тој стана свртилиште на многу посетители, планинари и други рекреативци кои често пати навраќаат во него. Го посетувал и познатиот македонски пеач Гоце Николовски, кој по мајка потеклнува од Барешани. Манифестацијата „Незаборав“ во организација на Панде Димитровски, а во рамки на Битолското културно лето, една година беше посветена токму на Николовски.

Ж. Здравковска
47575870 10212869083869840 5079676139014717440 n

(Фото Сашо Ставрев)

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани