2win800x200

Го поздравил и од зад грб му го украл чантето со пари- детаљи како бил ограбен Пецката

Декември 04, 2018

Полицијата сѐ уште не го фатила крадецот кој пред шест дена го ограби битолчанецот Пеце Ангеловски –Пецката, неуморниот продавач на салфети од Битола коj низ градот се движи со велосипед. Од СВР Битола велат дека го истражуваат случајот. Ангелевски кој е омилен меѓу битолчани, на изненадување на цела Битола, пред шест дена беше ограбен додека со велосипедот на мотор одеше од дома кон градот за да продава салфети и цевки по угостителски објекти. Кражбата се случи на сред бел ден, на петстотини метри од неговата куќа во населбата Нова Битола.

 

Настанот е снимен на камери од околните објекти. Но, од полиција велат дека крадецот носел капа на главата, па на снимките лицето јасно не се гледа. Но, истрагата продолжува.

Оштетениот битолчанец Пецката раскажува дека арамијата го поздравил од зад грб како да се познаваат, а потоа му го истргал чантето со пари кое го имал врзано околу половина.

„Беше нешто по 15,30 часот. На сред бел ден. Бев на велосипедот со мотор и се спуштав по удолница. Некој ми се приближи од зад грб, ми рече ‘што правиш’, а јас мислев дека ме поздравува зашто разговарам со многумина битолчани. Се обиде да го скини чантето што го носев околу половината, а откако не можеше го откопча одзади. Не му го видов лицето. Ми ја зеде дневната заработувачка и два мобилни телефона“, вели Пеце.

За среќа не го повредил и не го паднал од велосипедот. По ова крадецот се вдал да бега. Пеце колку што го држел гласот почнал да вика „чантето, чантето“. Слушнала некоја соседка и се пуштила да трча по арамијата. По него се вдал и Пеце со велосипедот, но напаѓачот побегнал по сопоредно земјено патче.  

„Случајот го пријавивме во полиција. Имаме информации дека по телефониот што ги украде може да биде лоциран крадецот, а и на камера на објект во близина каде се случил настанот, крадецот е снимен. На себе имал виндјакна и капата од неа ја имал ставено на глава. На лицето не носел маска. Но, Пеце не му го видел ликот“, раскажуваат блиски роднини на Пеце.

Семејството Ангелевски секој ден очекува вест од полицијата дека го пронашла крадецот кој му ја зел макотрпно сработената дневница. И битолчани чекаат да се открие нечесникот кој се дрзнал да нападне човек како Пецката.

„Поддржшката до битолчани кои му пушуваат на фб и ме сретнуваат низ град ме тера да го орепродам и овој настан. Ќе продолжам и понатаму со мојата работа зашто не сум учен да седам без работа дома. Учен сум да се движам меѓу луѓе“, додава Пецката.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани