2win800x200

До 30 ноември доколку Општина Битола не обезбеди полигон ќе се затвори Испитниот центар во градот !?

Ноември 13, 2018

До 30 ноември доколку Општина Битола не обезбеди полигон ќе треба да го затвори Испитниот центар  во градот, предупреди независната советничка Габриела Илиевска на последната седница на  Советот  на Општина Битола, поставувајќи прашање  до градоначалничката Наташа Петровска .

-Се сеќава јавноста, се сеќаваат сите дека во март месец напишавте статус дека ќе има полигон. Дали некој ви има кажано дека до 30 ноември доколку Општина Битола не обезбеди полигон ќе треба да го затвори Испитниот центар во градот ?  Доколку имате таква информација ,ме интересира каде ќе биде полигонот, дали ќе го стопанисува општината, какви ќе бидат обврските?, праша Илиевска.

 

Градоначалничката не прецизираше термини, но кажа дека започната е процедурата Битола да добие свој полигон, а канадидатите за возачки испит да не патуваат веќе во Прилеп и Ресен на обука за полигон и полагањето за полигонско возење за возачки испит.

- Да, полигонот е нарачан и се изработува во јавното претпријатие. Оваа власт, оваа владеачка гарнитура ја започна постапката на пренамена на земјиште, побара пренос на земјиштето во трајна сопственост , што е во процедура и оваа владечка гарнитура го нарача проектот. Ако сите овие години наназад додека битолчани одеа во Прилеп  и Ресен беше правено, сега ќе имавме веќе полигон. Но, пак ќе кажам без тие процедури немам намера ништо да работам, рече градоначалничката Петровска.  

Градоначалничката Петровска во март годинава, на Фејсбук најави дека е добиена трансформацијата на земјиштето и дека ја имаат локацијата за полигон за полагање. Потоа во април најави дека полигонот ќе биде лоциран во населбата Горно Оризари.

Битола веќе 5-та година е без полигон за полагање, откако Секторот за управно-надзорни работи при МВР во 2013 година, поради неисполнување на пропишаните стандарди, донесе решение за забрана за користење на полигонот за полагање возачки испити во Битола. Кандидатите овие години полагаа на изнајмените полигони во Ресен и во Прилеп.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани