Битолчаните Томе и Лилјана Галовски прославија златна свадба

Октомври 15, 2018

Клекнувајќи на колена со букет црвени рози во рацете 75 годишниот битолчанец Томе Галовски симболично по втор пат ја побара за жена неговата долгогодишна сопруга Лилјана (71). На ваков романтичен начин овој брачен пар од Битола деновиве ја прослави златната свадба или половина век заеднички живот. Прославата се одржа во потесниот круг на семесјството, а истата вечер Томе го славеше и својот 75-ти роденден. Блиските роднини им подарија заедничка врамена фотогрфија.

 

„Половина век сме заедно, се познаваме од раната младост, па преку средношколската возраст, до студентските денови... Испраќање и пречекување од армијата... Дипломирање и станување колеги во професијата...Падови и издигнувања... Создавање на семејство со желба за добра иднина. Да се биде заедно во моменти на среќа и несреќа. Покрај љубовта, нашата долгогодишна врска ја одржа и меѓусебното почитување, трепнието, толеранцијата, разбирањето“, раскажува брачниот пар Галовски од Битола.43952842 10205094539759942 6985301416843673600 n

Се запознале уште на училиште, учеле заедно иако Томе е постар четири години од Лилјана. Тој имал прекин во школувањето зашто со дедо му одел како 13 годишно момче да работи молер за да заработи за семејството. Подоцна и заедно студирале на Факултетот за физичка култура, а Томе го завршил како најдобар во генерацијата. Потоа се вериле, направиле свадба и добиле две ќерки. Биле и колеги во работата, тој професор по физичко воспитание во Земјодлеското, Музичкото училиште, па и во Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух и говор. А таа професор по физичко во повеќе основни битолски училишта, последно во „Елпида Карамнади“.

„Дадоа труд да извадат на прав пат многу генерации ученици. Почитувани се од секого. Оптимисти, полни со позитивна енергија. Реални, чесни, скромни. Луѓе со широка душа и благодарно срце. Дружељубиви со секого, подеднакво и со децата, со возрасните и со најстарите. Нелицемерни, секогаш подготвени да помогнат“, напиша нејзната ќерка Наташа Гиновска во честитката до роднителите на фејсбук.

Покрај тоа што беа професори, Томе 16 години беше тренер на Скијачкиот клуб „Пелистер“ и на Репрезентацијата на Македонија. Неговата сопруга Лилјана беше атлетичар и шампион во стрелаштво. Двајцата се големи љуботели на планината и природата. Гурмани во храната, убавата песна.43878237 10205094533159777 5667593991458127872 n

Со даскалски плати купиле стан и сами направиле викендица, а цел живот возат југо. Денес се пензионери и третото одба од животот го минуваат во Битола, а често одморајќи и во вилјата во Љубаништа.

43950845 10205094535559837 6137891110778830848 n

44031350 10205094523239529 7021284472460935168 n

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани