Графичкото триенале го дига гласот против елитизмот и површноста во уметноста

Септември 02, 2018

Деветотто графичко триенале кое се отвара овој понеделник во 12 часот во Малата сала на Завод и музеј во Битола е една од ретките надежни манифестации кои се занимаваат со вистинска уметност наспроти се посуровиот, покорумпиран, обездушен ликовен свет. Со свои графики учествуваат над 800 автори од 167 земја ширум светот.

Ваквата бројност е уште една потврда дека во тридецениско постоење, Графичкото триенале, постепено, скромно, ненаметливо и без естрадна агресивнот, стана една од поважните ликовни манифестации во релевантните центри во светот.

 

„Веќе е афирмирано, презентирано и популаризирано на светско ниво, не само како едно од најголемите и најобемни, туку и пред сѐ токму заради концептот, како една од ретките надежи, идеалистички поставени како верба за авторите што создаваа искрена, тивка, ненаметлива графика и ликовна уметност која е своевиден сеизмограф на севкупната духовна состојба на денешната цивилизација нападната од сите страни и деструктивно маргинализирана од потопот на суровиот материјализам“, вели раководител на проектот Владо Ѓорески, кустос советник и графички уметник.

Авторите учесници на Триеналето ја прифатија манифестацијата нарекувајќи ја една од ретките надежи во сѐ посуровиот и покорумпиран, обездушен ликовен свет.

„Покрај тоа, триеналето воспостави директна соработка со истакнати светски институции и ликовни центри, не со некаков снобовски или суетен елитистички пристап или изместена амбиција туку презентирајќи ја идејата за хуманистичка, чиста и благородна соработка, за своевиден спас од сите систематски, испланирани проекти кои се со цел да ја уништат есенцијата, сржта за вистинската потреба да се создава“, вели Ѓорески.

Тој додава дека делата на авторите се собрани во своевидна антологија на над 1000 страници, при што се настојуваше да се соберат автори кои никогаш нема да имаат можност да настапат на елитните графички биеналиња и триеналиња во светот затоа што се под контрола на критичарите, селекторите, кураторите кои пак се под директна контрола на големите финансиски корпорации создавајќи лажна елита на околу 300 „автори“ кои се насекаде - редовно селектирани, редовно презентирани токму со таа естрадна пресметана површност и редовно се наградувани - елитизмот на испразнетата мртва уметност.

Заради недоволниот простор, изложбата ќе биде претставена во неколку етапи, започнувајќи со првата - која е посветена на македонското, италијанското и бугарско творештво изложба, која меѓународното графичко триенале, најпрво ја презентира во Италија, во Palazzo Agostinelli во Тревизо, изложба која предизвика голем интерес кај италијанската јавност.

Зад ова ликовно случување, најголемо кај нас и пошироко, застана Министерството за култура на Р. Македонија.Камил Кучурек Полска

(Камил Кучирек од Полска)

Кристијан Диедерик Јужна АфрикаJuzna

(Кристијан Диедерик, Јужна Африка)

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани