Webp.net gifmaker

Рели трка низ книга за учениците од основните училишта „Тодор Ангелевски“ и „Гоце Делчев“ организираше Австриската библиотека од Битола која е сместена во Универизитетската библиотека „Св. Климент Охридски“. Преку креативна игра учениците се потикаа да читаат книги од германското јазично подрачје, но и стекнаа знаења како да пребаруваат литератира од Австрската библиотека.

„Во рамки на Месецот на книгата организираме работилници со ученици основци и средношколци. Идејата за вакви средби со ученици е да се запознаат со начинот како да пребаруваат во Австриската библиотека, како да се снајдат со сигнатурата, да ја напишат, да ја донесат на шалтерот, да изнајмат книга и да читаат“, рече д-р Валентина Илиева, раководител на Австриската библиотека во Битола.

Битолскиот хор „Ѕвончиња“ ја распрска предновогодишната музичка магија овој пат на германски јазик. Педесетина деца од две до 15 години, членови на овој реномирам детски хор, изведоа целовечерен концерт пеејќи германски детски песни. Концертот што се одржа во Центарот за култура, беше дел од богатата програма со која деновиве се одбележуваат 22 години од постоењето на Здужението за македонско-германско пријателство и соработка. Младите хористи подготвувајќи ги песничките имаа можност да го вежбаат својот музички талент и да го збогатат  речникот со германски зборови.

 

Со презентација на проекти подготвени на германски јазик, 111 ученици од битолски училишта предводени од нивните професори го прославија 22 роденден на Здружението за македонско-германско пријателство и соработка од Битола. Малата сала во Центарот за култура беше преполна од ученици кои учествуваа во манифестација и други гости кои дојдоа да ја проследат програмата. Учениците на сцената покажаа солидно говорење, читање и разбирање на германскиот јазик како да им е мајчин, што пак беше резултат на нивното интересирање за него и заеднички вложениот труд со нивните професори.

Професорки по германски јазик од цела Македонија деновиве во Битола имаа ретка можност да присуствуваат на семинар со светски стандарди каде предавач беше експертот по германски јазик од Австрија, Лукас Маерхофер, професор од Виена кој држи предавања низ целиот свет. Познат е по интерактивните семинари, непосредноста, квалитетните предавања за што зборуваат неговите ангажмани од Австрија, други европски држави па сѐ до Техеран, Иран, Русија, Кзахстан, Кина, Хонг Конг, Тајван.

Австриската амбасадорка во Македонија, Ренате Коблер, во придружба на австриската почесна конзулка Валентина Илиева, донираше книги во Австриската библиотека во Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани