2win800x200

Хотелот на АД ЕСМ на Пелистер, ,,Молика,, преполн со гости привлечени од снегот и сончевото време

Февруари 11, 2020

Сончевото време, чистиот воздух  и одлично подготвените скијачки патеки беа доволен мотив, изминатиот викенд хотелот Молика и Ски центарот Копанки да ги срушат рекорди на посетеност. Гости од Битола и регионот, како и од соседна Албанија имаа можност да уживаат во зимските спортови и во убавините на националниот парк Пелистер.

-Беше вистинско задоволство да се биде сведок на незапаметена посетеност на ски терените на Копанки  и да се почувствува пријатното расположение на гостите. Традиционалната гостопримливост карактеристична за вработените во „Молика“  уште еднаш беше потврдена преку дадените услуги и беспрекорниот сервис и покрај огромниот број скијачи, ски-бордери, планинари  и рекреативци – велaт од менаџерскиот тим на Елемтурс, подружница Хотел „Молика“.

Модернизираната, проширена и реновирана тераса на хотел Молика  беше преполна со гости  во текот на целиот викенд.

84928859 1549559271863732 2504649692361523200 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани