2win800x200

Гого Видимче-полицијата е во акција да ги открие вандалите на детскиот парк, штетите се санираат

Ноември 16, 2019

Гого Видимче директорот на Пелагонискиот плански регион по чија иницијатива се изгради новиот детски парк во Битола најавува дека полицијата е во акција да ги открие вандалите кои ноќеска се изживуваа во паркот.

-Играчките кои беа уништени се повторно ставени во употреба.              

Зарем и овој импозантен детски парк кој за прв пат  се случува во нашата Битола, се трудите да го уништите?

Од денес во координација со МВР се преземаат мерки, секој кој на било каков начин ќе се обиде да го уништи ова наше заедничко добро, да биде пронајден и санкциониран.

Нема да дозволиме 99% од најмладите да страдаат поради 1% несовесни поединци, затоа што ништо не е толку вредно колку детската радост, напиша Видимче на својот фејсбук профил.

75282377 2518960551491491 454322091542446080 n

А.Б

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани