14 годишниот Филип Димовски од Битола втор на Меѓународен турнир во џудо

Ноември 07, 2019

14 годишниот битолчанец Филип Димовски на Меѓународниот турнир во џудо „Прилеп опен 2019“ што се одржа во Прилеп на почетокот на овој месец, го освои второто место. На турнирот конкуренцијата беше голема зашто учество зедоа и натпреварувачи од Грција, Србија, Црна Гора, Хрватска и сите клубови од Македонија.

 

Инаку Филип тренира џудо скоро 9 години, поточно од неговата петта година во Џудо клубот „Пелистер“ Битола кај еден од најдобрите џудо мајстори Ѓуро Илич. Тој е ученик во деветто одделение во ОУ „Трифун Пановски “ во Битола. За сите овие години напорно третирање има освоено 14 медали. Воедно, беше избран за спортист на Битола за 2018 во категоријата на младинци и во Најуспешни битолчани за 2018, награда што ја доделува „Битолски весник’’. Филип исто така тренира и фудбал за ФК „Пелистер’’ генерација 2005, како и во фубалскиот ученички клуб на негово училиште.filip

филип 4

На Меѓународниот турнир во Прилеп со бронзени медали се закитија и Стефан Богичевиќ и Никола Стојковски.fuilip 3

Ж.З. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани