2win800x200

Над сто пожари од запалени стрништа беснееле синоќа низ Пелагонија

Октомври 30, 2019

Над сто пожари гореле синоќа низ Пелагонија кои неконтролирано се ширеле низ полето од запалени стрништа, потврдуваат од ТППЕ.

Противпожарната единица интервенирала на десетина пожари. Од таму велат дека палењето ноќе на стрништата е новина, затоа што претходно не се случувало. Сега нивите се чистат по темница за земјоделците да не бидат забележани кога го опжаруваат ѓубрето, иако пожарите се гледаат од километарска оддалеченост

Како што пренесува ТВ Тера, поради пожарите вдлож железничката линија синоќа кај Тројкрсти запрел и возот кој сообраќал на релација Скопје-Битола па по половина час го продолжил патувањето

Е.М.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани