Големи филмски имиња на отворањето на „Браќа Манаки“

Септември 15, 2019

„Едно кадро за мене, едно за историјата“ било мотото на браќата Милтон и Јанаки Манаки, кои со својот немирен дух ја измениле Битола. Балканската филмска историја почнала токму во Битола, градот со богата културна традиција, каде синоќа беше отворено јубилејното 40-то издание на ИФФК „Браќа Манаки“ и беа врачени наградите „Златна камера 300“ за животно дело на Едвард Лакман и „Големата ѕвезда на македонскиот филм“ што ДФРМ му ја додели на композиторот Љупчо Константинов.

 Присутните на отворањето на јубилејното издание на ИФФК „Браќа Манаки“ ги поздрави градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, која им посака добредојде на сите, а министерот за култура на Република Северна Македонија, Хусни Исмаили изрази задоволство што на јубилејното славење на филмот на најстариот фестивал за филмска камера во светот, ја има можноста да ја сподели сцената со доајените од македонската кинематографија, и со великаните од светскиот филм.

„Еден сон пред 40 години ни го донесе ова јаве, јаве кое покажа дека невозможното е само прашање на перцепција, дека и височините на облаците не се недопирливи. Сите радости, таги, страсти, трепети уловени во објективот на камерата ја распарчуваат четвртата димензија“, рече Петровска. 

фест 5

Од името на ИМАГО, Меѓународната асоцијација на кинематограферите, присутните ги поздрави Најџел Волтерс.

-Многу ми остави впечаток онаа година кога дојдов, а Фестивалот беше префрлен во Скопје, пред отворањето излегов надвор и додека врнеше пороен дожд видов една група голема група луѓе од Битола кои стоеја таму и протестираа затоа што им беше одземен фестивалот. Не знам дали меѓу вас се некои од тие луѓе, но јас сметам дека тие се вистинските херои на Фестивалот, заедно со волонтерите, кинооператорите, сите оние луѓе кои навистина напорно работат за сето ова да се реализира, подвлече Волтерс.

Џим Шеридан, едно од најимпресивните европски ирски филмски имиња, режисер, сценарист, продуцент и филмски творец на незаборавнни филмски стории на присутните им се обрати од името на ЕФА. Потсетувајќи се на една случка од детството Шеридан укажа на важноста на телевизијата.

-Телевизијата понекогаш ја потценуваме, не сме свесни колку се моќни подвижните слики. Големо е задоволството што сум избран од името на ЕФА да бидам вечерва на оваа свеченост каде се слави филмската уметност, истакна Шеридан.

Претседателот на ДФРМ, Игор Иванов рече дека македонскиот филм имаше мошне успешна година не само во презентација туку и во продукција. Се снимија 7 играни филма, но претрпи и огромни загуби. ДФРМ загуби 5 свои филмски легенди: Томе Моловски, Ангел Кузмановски, Мето Петровски, Кирил Ценевски и Драган Салковски.

Иванов му ја врачи наградата „Големата ѕвезда на македонскиот филм“ на ДФРМ на композиторот Љупчо Константинов.фес4

-Македонија е мала земја, ние сме мала кинематографија и во таа смисла не смееме да направиме грешка. Досега оваа награда ја добиле Кирил Ценевски, Милчно Манчевски, Дарко Марковиќ, Сајмон Пери, Милица Стојанова и „Вардар филм“ нашата највредна филмска продукција. 35 авторски музики за филм направи Љупчо Константинов, работеше со најголемите режисери во македонскиот филм и надвор од тоа, подвлече Иванов при врачувањето на ова големо признание.

Заблагодарувајќи се на ДФРМ за доделената награда и на режисерите кои имале доверба да му доверат да ја напише музиката за нивните филмови, Константинов истакна дека оваа вечер за него има посебно значење бидејќи потекнува од Битола.

Покровителот на Фестивалот, Претседателот Стево Пендаровски го отвори фестивалот и ја врачи наградата „Златна камера 300“ за животно дело на Едвард Лакман, кинематографер кој досега има две номинации за „Оскар“, „Бафта“за животно дело и е наречен „Волшебникот со камерата“.фест 6

-Ова е ретка можност за мене, многу слушав за Фестивалот и со години сакав да дојдам овде. Да се биде во друштво на толку големи имиња кои биле лауреати, од кои дел биле мои ментори, како Свен Линквист, Роби Милер...Едноставно не знам дали припаѓам овде, во тоа наследство. Во овој дел од животот добивањето на едно вакво признание се чини дека е завршница, но мене ми се чини дека покажува оти тоа е постојан процес на учење едни од други и учење преку различни искуства. Патувањето е она што е важно, а не самата дестинација. Ова што денес се случува за мене е повторна посета, на сеќавања, на стари пријатели и на создавање на нови пријателства, рече Лахман.

Честитајќи го 40-годишниот јубилеј на фестивалот, претседателот Пендаровски истакна дека тој е резултат на истрајноста и неуморниот ангажман во изминатите четири децении на сите коишто се вклучени во организацијата и во селекцијата на програмата. Со тоа, како што рече претседателот Пендаровски, доследно и посветено е чувано наследството коешто го оставија Јанаки и Милтон Манаки.

Директорката на фестивалот, Гена Теодосиевска, која го понесе слоганот „Филмот ни припаѓа на сите нас“ се заблагодари на сите кои помогнаа во реализацијата на фестивалот и на сите оние кои оваа вечер во салата седеа на столчето на кое седеле нашите претци на почетокот на „Манакиевите средби“.

-За мене овој фестивал е мојата филмска школа. Јас од 1985 година сум дел од вас, од овој Фестивал. Навистина можам да кажам дека овој Фестивал е мојата голема љубов. Велат дека оние кои прашуваат ја носат светлината. Овие филмови кои ги одбравме за вас ќе ви постават многу прашања, рече Теодосиевска.

На отворањето на четириесеттото издание на ИФФК „Браќа Манаки“ беше прикажан филмот „Болка и слава“. На свеченоста присуствуваше и кинематограферот Хозе Луис Алкаине.

- Втор пат сум во Битола и повторно ова е неверојатно искуство за мене. Мојот прв јазик не е англискиот, не е ниту македонскиот, ниту шпанскиот, туку сликите и се надевам дека преку сликите ќе ви го пренесам она што сакам да ви го кажам, рече Алкание пред проекцијата.фест 3

фес

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани