2win800x200

Мицкоски се искачи на Антена за роденденот на ВМРО-ДПМНЕ Битола

Јули 20, 2019

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во придружба на координаторот на локалниот огранок во Битола Иванчо Тошевски и други панинари денес се искачија на врвот Антена на Пелистер. Ова беше дел од активностите за одбележување на 29-от роденден од основањето на ВМРО-ДПМНЕ Битола. Тие го посетија и споменикот Пирамида посветен на македонскиот алпинист Димитар Илиевски Мурато од каде се протега прекрасна глетка кон Преспанското Езеро.

 

„Искачувањето беше по најживописната патека, по камењарот. Се исчакувавме 4,50 часа. Тргнавме од хотелот ‘Молика’ па се до врвот Пелистер, а сето ова по повод роденденот на ОК НА ВМРО“, рече Иванчо Тошевски, првиот човек на Општинскиот комитет на партијата во Битола.66855620 2556123094400684 8458815927717199872 n

67071491 2556123191067341 5058257296023355392 n

67121226 2556122947734032 772787744672841728 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани