Објавен повикот за изведувач на Офицерски дом

Јуни 21, 2019

Објавен е повикот за избор на изведувач кој треба да направи реставрација и  адаптацијата на Офицерскиот дом во Битола. Понудите од изведувачите ќе бидат јавно отворени на 19 јули годинава и нема да има електронско наддавање. Парите се обезбедени преку ИПА 2 фондот од програмата наменета за локална и регионална конкурентност. Проектот кој го доби Општина Битола и преку кој треба да се врати сјајот на Офицерски го носи името „Зголемена туристичка понуда во Пелагонискиот регион преку реставрирање и адаптирање на Офицерскиот дом со партерно уредување“. Офицерскиот дом е објект заштитен со закон како споменик на културата, но повеќе години наназад се руинира и неопходно е што поскора негова реставрација и заштита. 

 

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани