Свечена литија по повод 50 години од дислокацијата на Влашката црква во Битола

Септември 27, 2018

Свечена литија и поворка низ центарот на градот, на денешниот празник „Крстовден“ организираше црковниот одбор на црквата „Св. Константин и Елена“ во Битола, по повод 50 години од нејзината дислокација. Црквата бил изградена во 1903 година на местото каде што денес е хотелот Епинал во Битола. Во социјализамот, поради изградбата на хотел, храмот бил срушен, а реликвиите и другиот црковен материјал бил пренесен денешната црква која во Влашкото маало се изградила во 1969 година.

-Со благослов на митрополитот Петар , ја организираме оваа литија по повод 50 годишнината од дислокацијата на храмот „Св. Константин и Елена“, кој порано беше на местото на хотелот Епинал, а сега е на друга локација на улицата „Стив Наумов“. Значи Влашката црква се дислоцира заради изградбата на хотелот, рече  Стефан Хаџиантоновски, претставник на црковниот одбор .

Од Вашката заедница во Битола највија дека со настани ќе продолжат во текот на целата година , а ќе биде издадена и монографија за храмот во текот на октомври.

Хаџиантоновски вели дека Власите од Битола реагирале своевремено на одлуката на градот на местото на црквата да се гради хотел, по што реакции и со поддршка од тогашниот митрополит Климент било решено да се подигне нова црква на друга локација, а потоа да се руши старата црква.42654168 154614502145670 5246703375591931904 n

42773790 1335773733220238 3686645153444921344 n

42743426 1093372667505189 3982501119476629504 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани