2win800x200

Грант од 3000 евра за активен женски член во земјоделско домаќинство, најави Крнчева

Ноември 29, 2019

Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој го објави јавниот повик за доставување на барањата за мерката 115- активен женски член во земјоделското домаќинство во Програмата за рурален развој. Максималната финансиска поддршка изнесува 180 000 (3000 евра) во форма на гранд, најави Татјана Крнчева Координатор на Форум на жени на СДСМ во Битола.

„Оваа мерка како поддршка на жените земјоделки се воведува првпат, а целта е да се подобри економската состојба на жените, да се зголеми бројот на регистрирани жени земјоделки кои подеднакво ќе придонесат за развој на земјоделството. Крајниот рок за доставување на барањата е 26 декември годинава, а корисници можат да бидат земјоделски стопанства чиј носител е жена, запишани во Единствениот регистер на земјоделските стопанства во Министерството за земјоделство“, рече Крнчева.

Со овие средства може да се набави опрема за ладење, замрзување, сечење, конзервирање, опрема за манипулација, утовар и истовар, ладилници, за мерења и квалитет и друго.

Дополнително преку мерката женски активен член во земјоделското домаќинство се промовира и диретна продажба или продажба од праг зашто е подготвен и правилник за флексибилност за производи од животинско потекло со што идентитетот и квалитетот на производот што го призведуваат жените во руралните подрачја ќе дојде до израз. Оваа мерка ја креираше посебна новоформирана група за родова еднаквост и зајакнување на жените.

„Со ова СДСМ уште еднаш потврди дека е политичка партија со високо ниво на родова сензитивност во сите сфери. Ја мотивира и поддржува жената како столб на ова општество и го обезбедува нејзиното заслужено место и улога“, рече Крчева.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани